Во периодот мај –август 2012 година, вкупниот број на ангажирани волунтери во мрежата на АНТИКО изнесуваше 73. Вклучувањето на волонтери во 10 локални организации членки на мрежата на АНТИКО, претставува позитивно искуство и за младите активисти и за организациите ментори од аспект на размена на идеи, искуства и ставови, како и поради меѓусебната поддршка во текот на реализацијата на активностите.
Организациите кои ангажираат волонтери, располагаат со зголемен обем на човечки ресурси потребни за организирање и спроведување на активностите, имаат прилив на свежи идеи и информации кои волонтерите од своето сопствено искуство ги споделуваат со тимовите на организациите. Волонтерите се едуцираат, стекнуваат нови знаења и вештини, се надградуваат и ги шират сопствените видици, а воедно имаат прилика да бидат општествено активни и да се стекнат со искуства кои ќе им користат понатаму на професионален и личен план во животот. Програмата придонесува кон зголемена иницијативност, подобрен граѓанскиот активизам и меѓуетничката соработка на младите во заедницата.
|