Во периодот мај – август 2012 година, ЖГИ АНТИКО организираше 7 јавни трибини на локално ниво со цел зголемување на информираноста на граѓаните ( вклучувајќи ги маргинализираните/ ранливите категории на граѓани) и зајакнување на свесноста за проблемот со дискриминацијата на тема „Пристап до институционалните механизми и заштита на правата на граѓаните од родова и други видови на дискриминација“.
Целта на овие активности е подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните за постоење на правна рамка и институционални механизми за заштита од дискриминација и унапредување на родовата рамноправност (Кичево на 25.05.2012 ( 15 учеснички од рурални средини), Ресен на 25.05.2012 (17 учесници/чки), с. Борино, Крушево, на 17.06.2012 (16 учеснички), Могила на 05.07.2012 (15 учеснички), Пробиштип на 24.08.2012 ( 19 учесници/чки), Гостивар на 29.08.2012 ( 14 учесници /чки ), с. Броштица, Дебарско на 31.08.2012 ( 18 учесници /чки)) Учесниците на трибините имаа можност да се запознаат со општиот поим и основите за дискриминација, законската регулатива и мерките за превенција и заштита, кои се институциите каде можат да се обратат во случај на дискриминација и каква е процедурата за понатамошно водење на постапката по поднесената претставка.
Преку презентирање на различни примери од праксата, фацилитаторките ги поттикнаа учесничките/ците да се обидат да го препознаат дискриминаторското однесување и да се вклучат во дискусијата со свои размислувања, примери и искуства поврзани со дискриминацијата. Вообичаено, иако поголемиот дел од учесниците истакнаа дека слушнале за поимот дискриминација, неможеа поконкретно да елаборираат што всушност значи и како да се препознае, ниту каде можат да се обратат за помош.
|