На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thonза зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни
Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests,,ЖГИ АНТИКО Скопје учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...
На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.
На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.
Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.
Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.
Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.
Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.
Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.
Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.
Кампања: „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство“ - 11.12.2011
Женската граѓанска иницијатива АНТИКО традиционално како и секоја година се приклучи кон Меѓународната кампања „Шестнаесет дена активизам против насилството врз жените“. Оваа година под мотото „НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НАСИЛСТВОТО!“ активистките и волонтерите/ките од мрежата на АНТИКО во Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Ресен, Битола, Пробиштип, Струмица Крушево и Скопје, реализираа 20 јавни настани (трибини, раб ......
Учество во расправата во Европскиот Парламент- Брисел - 01.12.2011
Претставничка на Антико, Ѓунер Небиу беше воведничарка во расправата во Европскиот Парламент на тема ,, Women and Peace: Women's Voices on Democracy, Gender Equality and Global Social Justice,, организирана од GUE/NGL group in the European Parliament на 30.11.2011. На расправата присуствуваа пратеници, делегации од цела Европа и новиот претседател на Комитетот на жени во Европскиот Парламент г-дин Микаел Густафсон.Расправата ја отворија 5 воведничари меѓу кои и претставничката на Антико.Организираната расправа беше можност да се искажат предизвиците со кои се соочуваат жените во нивниот секојдневен живот; да се преиспитаат класичните концепти на безбедност, мир и војна во светлината на развојот на политичките контексти во земјите на тран ......
Студентите на Родови студии дискутираа за правните аспекти на родовата рамноправност - 01.12.2011
Во текот на 2011-та година АНТИКО воспостави соработка со високообразовните институции во Република Македонија, имајќи предвид дека студентската популација и универзитетските професори, можат да дадат значаен придонес и активно да се вклучат во процесите за подобрување на постоечката законска рамка за родова рамноправност и нејзината практична имплементација.
За таа цел, по претходно организираните дискусиони групи со студентите од Правниот Факултет - Кичево и Државниот факултет во Тетово, на 30.11.2011, беше организирана и третата диск ......
„Родова едукација“ – обука на членови/ки на младинските форуми на политичките партии - 28.11.2011
На тродневниот семинар на тема „Родовата перспектива во партиските политики“ кој се одржа во Струга, од 25-27.11.2011 во организација на ЖГИ АНТИКО, 16 млади членови од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, СПМ, ДУИ, ДПА, ЛПМ, ПЦЕР и ДПСМ се стекнаа со знаења и вештини за препознавање на родовите концепти и потребата / можностите, за нивно вклучување во главните текови на општеството.
Имајќи предвид дека младите активисти од политичките партии се идни креатори и имплементатори на партиските политики, за време на обуката особено се даде акцент на заложбите и важноста на политичките субјекти во процесите на инкорпорирање на родовата перспектива во внатре-партиските политики и сите други сфери на јавниот и политичкиот живот. Агендата вклу ......
Родова едукација на подмладоците на политичките партии - 28.11.2011
На тродневниот семинар на тема „Родовата перспектива во партиските политики“ кој се одржа во Струга, од 25 - 27.11.2011 година во организација на ЖГИ АНТИКО, 16 млади членови од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, СПМ, ДУИ, ДПА, ЛПМ, ПЦЕР и ДПСМ се стекнаа со знаења и вештини за препознавање на родовите концепти и потребата/можностите, за нивно вклучување во главните текови на општеството. Имајќи предвид дека младите активисти од политичките партии се идни креатори и имплементатори на партиските политики, за време на семинарот ......