Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
четврток, 25 април 2024
Студентите на Родови студии дискутираа за правните аспекти на родовата рамноправност
Датум: 01.12.2011
 
Во текот на 2011-та година АНТИКО воспостави соработка со високообразовните институции во Република Македонија, имајќи предвид дека студентската популација и универзитетските професори, можат да дадат значаен придонес и активно да се вклучат во процесите за подобрување на постоечката законска рамка за родова рамноправност и нејзината практична имплементација. За таа цел, по претходно организираните дискусиони групи со студентите од Правниот Факултет - Кичево и Државниот факултет во Тетово, на 30.11.2011, беше организирана и третата дискусиона група со студенти на Институтот за родови студии при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Настанот го отвори проф. д-р Слободанка Марковска, од Институтот за Родови студии, а вовед во темата “Институционална и правна рамка за родова рамноправност во РМ – предизвици и можности за нивно унапредување и ефективна примена во пракса “ даде советничката за родова рамноправност при МТСП, г-ѓа Јована Тренчевска. Присутните 42 студентки/ти по воведното излагање имаа можност да ги споделат своите мислења и ставови, но и да дадат конкретни предлози за подобрување на правната рамка во Република Македонија и нејзино усогласување со меѓународните стандарди. Во тој контекст, стана збор и за новиот Закон за еднакви можности на жените и мажите и одредбите со кои истиот може да се дополни. Учесниците на дискусионата група како добри познавачи на родовата проблематика, беа конструктивни во своите дискусии и покажаа интерес за покренување на последователни иницијативи во насока на унапредување на родовата рамноправност и поголема афирмација помеѓу граѓаните.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.