Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
понеделник, 30 декември 2024
Кампања: „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство“
Датум: 11.12.2011
 

Женската граѓанска иницијатива АНТИКО традиционално како и секоја година се приклучи кон Меѓународната кампања „Шестнаесет дена активизам против насилството врз жените“. Оваа година под мотото „НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НАСИЛСТВОТО!активистките и волонтерите/ките од мрежата на АНТИКО во Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Ресен, Битола, Пробиштип, Струмица Крушево и Скопје, реализираа 20 јавни настани (трибини, работилници, тркалезни маси, јавни форуми, перформанси и дебати) и дистрибуираа 10.000 примероци промотивен материјал, со цел зголемување на јавната свест за насилството како општествен проблем и за потребата од енергична акција за превенција и справување со насилството.

Во Скопје, Гостивар, Ресен, Струмица и Кичево на 25.11.2011 се организираше прес-конференција за медиумите, на која се најави започнувањето на Кампањата и се даде осврт за состојбите во однос на насилството врз жените во Република Македонија.
Во рамките на кампањата особено се посвети внимание на сензибилизирање на младата популација во насока на формирање позитивни ставови по прашањата за родовата рамноправност и еднаквите можности, како и елиминирање на родовите предрасуди и стереотипи кај младите.  
Препораките, кои што ЖГИ АНТИКО за времетраење на кампањата имаше можност да ги упати до граѓаните, надлежните институции и сите останати релевантни фактори во државата, беа фокусирани на неколку значајни компоненти кои придонесуваат кон поенергична борба против насилството врз жените :  
- Зголемување на јавниот активизам на сите засегнати страни во борбата против ова општествено зло;
- Изнаоѓање и примена на ефективни начини за превенција и заштита на жртвите и нивна максимална поддршка во процесот на рехабилитација;
- Охрабрување на жртвите да го пријават насилството; 
- Зголемување на интерсекторската соработка помеѓу релевантните институции;
- Имплементација во пракса на законската регулатива;

Кампањата заврши на 10 декември кога се одбележува и Меѓународниот ден на човековите права, со што се симболизира и врската помеѓу насилството врз жените и човековите права, односно насилството како чин на грубо кршење на човековите права и еден од најекстремните облици на дискриминација. По тој повод во десетте градови каде се спроведува кампањата, односно во централните градски подрачја,  во институциите, училиштата и другите јавни објекти, се дистрибуираше промотивниот материјал од страна на активистките и волонтерите на ЖГИ АНТИКО.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.