Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
недела, 17 декември 2017
Граѓански собир во Општина Карпош - 13.12.2017

Граѓански собир во Општина Карпош
Повеќе ...

 
 
КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 - 07.12.2017

Во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам против насилтво врз жени и девојчиња“ Женската граѓанска иницијатива АНТИКО во ОУ„Кирил и Методиј“ спроведе работилница со жени од рурални средини на тема: „Облици на насилство врз жените и домашното насилство и мерки на заштита“.
Повеќе ...

 
 
ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 - 07.12.2017

ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 Во рамките на меѓународната кампањата „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата, организирана од Женската граѓанска иницијатива АНТИКО, спроведена е работилница на тема: "Препознавање и заштита од родово базираното насилство" со ученици од осмо и од девето одделение во ОУ "26 ЈУЛИ" во Општина Шуто Оризари. 
Повеќе ...

 
 
Општина Теарце- - 06.12.2017

ТЕАРЦЕ 05.12.2017 Работилницата на тема "Препознавање и заштита од родово базираното насилство" беше спроведена со ученици од осмо и од девето одделение во ОУ "Кирил Пејчиновиќ" во Општина Теарце, во рамките на меѓународната кампања "16 дена за активизам против насилството врз жените и девојчињата, организирана од Женската граѓанска иницијатива АНТИКО. 
Повеќе ...

 
 
Куманово, 04/12/2017/ - 05.12.2017

Куманово, 04/12/2017/
Во одбележувањето на глобалната кампања 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња организирана од ЖГИ АНТИКО-СКОПЈЕ во Советот на општина Куманово спроведена интерсекторска работилница на тема : „ Координирано дејствување – планирање на услуги за оснажнување и поддршка“, на настанот присуствуваа претставници на институции, локални граѓански организации и претставници на општината.

Повеќе ...

 
 
 
 
 
Работни средби помеѓу локалните тимови, жените од руралните средини и градоначалниците на општините Теарце и Крушево - 02.11.2011
Жените од руралните средини( нашите целни групи) од Крушево и Теарце ги одржаа првите работни средби со претставниците на локалната самоуправа предвидени во рамките на тригодишниот ппроект „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ . Средбата со градоначалникот на општина Теарце г-дин Исен Асани, се одржа на 26.10.2011 во просториите на општината. Учество земаа жените кои се вклучени во проектните активности, локалниот тим, претставнички од АНТИКО и UN Women, како и членки на Комисијата за еднакви можности при советот на општината. На 01.11.2011 во просториите на општина Крушево, претставнички на жените од руралните средини вклучени во проектните активности имаа работна средба со градоначалнико ......
 
Работна средба со градоначалникот во општина Крушево - 02.11.2011

На 01.11.2011 во просториите на општина Крушево, претставнички на жените од руралните средини вклучени во проектните активности имаа работна средба со градоначалникот на општина Крушево, г-дин Василчо Дамчески. На средбата присуствуваа и претставнички од ЖГИ Антико, локалниот тим и претседaтелката на Комисијата за еднакви можности при советот на општината. Градоначалникот накратко беше запознат со целите и планираните активности на третата ......

 
Зголемен јавниот активизам на жените од руралните средини од општина Крушево - 31.10.2011

Во рамки на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ на 15-ти, 16-ти, 29-ти и 30-ти октомври во Крушево беше одржан првиот циклус на работилници предвидени со овој проект. Тренинг работилниците беа организирани од страна на локалниот тим на ЖГИ Антико, а фацилитирани од страна на Даница Јованова на теми кои ќе ги подобрат вештините и знаењата на жените за активна партиципација во заедницата и вклучување во општествениот живот.

На работилници ......

 
Работна средба со градоначалникот во општина Теарце - 27.10.2011
Средбата со градоначалникот на општина Теарцег-дин Исен Асани, се одржа на 26.10.2011 во просториите на општината. Учество земаа жените кои се вклучени во проектните активности, локалниот тим, претставнички од АНТИКО и UN Women, како и членки на Комисијата за еднакви можности при советот на општината.  
 
Градоначалникот од страна на локалниот тим и претставничките н ......
 
Реализација на третата ,,Школа за мултикултурализам,, - 26.10.2011

Со реализација на третата тродневна обука „Школа за мултикултурализам“ ( од 22 - 24 октомври 2011, во х. Алпина, Маврово ) на која земаа учество 19 млади лица од различна етничка припадност од РМ, ЖГИ АНТИКО продолжува со едукација и поттикнување на младата популација за вклучување во процесите на креирање и имплементација на акции, кои зближуваат и промовираат мир и соживот. Младите учесници имаа прилика да се запознаат со поимот култура и моделите на култура, вредности, стереотипи и идентитети, концептот на мир и конфликти и ......

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.