Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
понеделник, 23 декември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
УЧЕНИЦИТЕ ОД „АРСЕНИ ЈОВКОВ“ ОБЕДИНЕТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РОДОВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО - 29.11.2013

На 29-ти ноември 2013 година, дел од средношколците од училиштето „Арсени Јовков“ од Скопје организираа работилница за информирање на своите соученици за деструктивноста која родовото и семејното насилство ја носи со себе и за подигнување на свеста за сериозноста на овој проблем со кој се соочуваат жртвите и општеството. Со оваа работилница средношколците дадоа дел од својот придонес кон кампањата „16 дена активизам против семејното и родовото насилство“. Младите PEER тренери, го споделија своето знаење со средношкол ......

 
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ПОРАЧАА: НЕ ЗА УШТЕ ЕДНА ЖРТВА! СТОП ЗА РОДОВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО! - 26.11.2013

Учениците од СГГУ „Здравко Цевтковски“ на 26-ти ноември 2013 година, ја организираа првата работилница за подигнување на свеста кај учениците за сериозноста на проблемот со родовото и семејното насилство. Со оваа работилница средношколците сакаат да го дадат својот придонес кон кампањата „16 дена активизам против семејното и родовото насилство“. Работилниците беа одржани од страна на дел од младите PEER тренери, кои ги упатија учениците во симптомите на семејното насилство, ризиците на кои се изложени жртвите, послед ......

 
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ОБЕДИНЕТИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ РОДОВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО - 25.11.2013

Во рамките на меѓународната кампања : "16 дена активизам против семејното и родовото насилство" по иницијатива на студенти од педагошките факултети и над 200 волонтери - средношколци од средните училишта СГГУ „Здравко Цветковски“ и ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје, и СОТУ „Ѓоце Стојчески“ и ОСЕУ „8 Септември“ од Тетово, се обележува меѓународните денови на активизам за елиминрање на родовото и домашното насилство. Средношколците и студентите од 25.11.2013 – 10.12.2013, со поддршка на ЖГИ АНТИКО и Здружението Мултикултура ќе спроведуваат многубројни јавни акции и манифестации како одговор и придонес кон сензибилизирање на јавноста со посебен фокус на младите ......

 
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД „АРСЕНИ ЈОВКОВ“ И „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“ ОБЕДИНЕТИ ИСПРАЌААТ ПОРАКА ДО ЈАВНОСТА - 06.11.2013

На 15 ноември 2013 година, со почеток од 13:00, во холот на ВЕРО ЦЕНТАРОТ во Скопје, учениците од скопските училишта ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ и СГГУ „Здравко Цевтковски“, во рамките на иницијативата ,,ПРЕКУ МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ КОН СОЖИВОТ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА”, организира јавен настан под мотото „Мултикултурализмот наш заеднички стремеж и остварување” за промоција на мултикултурните вредности во нашето општество и обележување на 16 ноември Меѓународниот ден на толеранцијата. Обединети во и ......

 
ОТВОРЕНА ДЕБАТА ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „АРСЕНИ ЈОВКОВ“ - 31.10.2013
Учениците од средното училиште „Арсени Јовков“ од Скопје, на 31-ви октомври 2013 год., организираа јавна акција, отворена дебата од областа на мултикултурализмот: „Мултикултурализам - има ли иднина?“. Заедно со своите професори и родители продискутираа за бенефитите и импликациите кои мултикултурализмот ги носи со себе но на крајот едногласно одлучија дека сепак ова е начин за живеење во мултиетнички општества како нашето. Со оваа дебата студентите споделија дел од својата порака за толеранција и негување на заедничките вредности. Оваа акти ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.