Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ОБЕДИНЕТИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ РОДОВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО
Датум: 25.11.2013
 

Во рамките на меѓународната кампања : "16 дена активизам против семејното и родовото насилство" по иницијатива на студенти од педагошките факултети и над 200 волонтери - средношколци од средните училишта СГГУ „Здравко Цветковски“ и ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје, и СОТУ „Ѓоце Стојчески“ и ОСЕУ „8 Септември“ од Тетово, се обележува меѓународните денови на активизам за елиминрање на родовото и домашното насилство. Средношколците и студентите од 25.11.2013 – 10.12.2013, со поддршка на ЖГИ АНТИКО и Здружението Мултикултура ќе спроведуваат многубројни јавни акции и манифестации како одговор и придонес кон сензибилизирање на јавноста со посебен фокус на младите во областа на горчливото прашање на родовото и домашното насилство чии најбројни жртви се жените и децата .

Целите на кампањата се фокусирани да ја сензибилизираат младата популација, а и пошироката јавност преку промовирање, информирање и едукација, со цел на подигнувањето на свеста и препознавањето на корените на насилствата кои длабоко се всадени во половата нееднаквост, а поддржани од патријархалните вредности и структури на моќ, кои ги одредуваат родовите улоги и односи како во рамките на семејството така и во општеството. Насилството е еден од главните механизми кој влијае на одржувањето на нерамнаправната положба помеѓу половите и ги држи жените под контрола . Насилството се третира како женско прашање, бидејќи 93% од жртвите се жени. Но, сепак, насилството е истовремено и машко прашање , односно прашање со кој треба да имаат водечка улога мажите, со цел да се донесат вистински промени и вредноси базирани на еднаквоста. и унивезалноста на човековите права . Пристапот кој ги вклучува мажите како главни актери на решавањето на прашањата на родовото и домашното насилство е од битно значање во процесот на елиминирањето на насилствата кои ги повредуваат основните човекови права и достоинство на жените односно на нивните најблиски : мајки, жени, ќерки или сестри во различни етапи на нивниот живот. ЖГИ АНТИКО, традицијално го обележува овој датум .

Оваа година кампањата за Мрежата на АНТИКО има многу големо значење, бидејќи е иницирана и спроведена во рамките на јавните акции планирани и реализирани од млади средношколци кои беа активни учесници на прокетот ,, Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата,, иницијатива поддржана од ЕУ во рамките на Европскиот инструментот за демократија и човекови права. Тие со ова дадоа придонес и личен пример на ефективно спроведување на наученото во пракса. Активностите на кампањата ќе бидат реализирани во 8 средни училиштата преку различни форми на делување(организирани работилници, трибини , тркалезни маси , јавни дебати , јавни перформанси и др.). Целта на акциите е да се зголеми информираноста и да се подигне свеста на младите, а и на пошироката јавност за прашањата и последиците кои произлегуваат од постоењето на родовото и семејното. Од страна на средношколците ќе се дистрибураат над 20.000 примероци на информативени , промотивни и едукативни материјали во училиштата и во локалните заедници. Активностите ќе бидат заокружени на 10 .12.2013 со обележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, со што се дава до знаење дека женските права се човекови права.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.