На 29-ти ноември 2013 година, дел од средношколците од училиштето „Арсени Јовков“ од Скопје организираа работилница за информирање на своите соученици за деструктивноста која родовото и семејното насилство ја носи со себе и за подигнување на свеста за сериозноста на овој проблем со кој се соочуваат жртвите и општеството. Со оваа работилница средношколците дадоа дел од својот придонес кон кампањата „16 дена активизам против семејното и родовото насилство“. Младите PEER тренери, го споделија своето знаење со средношколците на овие работилници, ги упатија во симптомите на семејното насилство, ризиците на кои се изложени жртвите, последиците во околината и начините на третирање, превенцијата и заштитата на жртвите.
На работилницата присуство повеќе од 23 учесници кои ја споделија својата загриженост во однос на ова прашање. Оваа активност се реализирана во рамките на проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“ чија главна цел е зголемување на улогата и активизмот на младите во промовирањето и практикувањето на вредностите на мултикултурализмот и соживотот во заедницата. Проектот финансиски е поддржан од Европска Унија во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) а е во имплементација на Женската граѓанска иницијатаива АНТИКО и партнер организацијата ,,Мултикултура,,.
|