На 15 ноември 2013 година, со почеток од 13:00, во холот на ВЕРО ЦЕНТАРОТ во Скопје, учениците од скопските училишта ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ и СГГУ „Здравко Цевтковски“, во рамките на иницијативата ,,ПРЕКУ МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ КОН СОЖИВОТ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА”, организира јавен настан под мотото „Мултикултурализмот наш заеднички стремеж и остварување” за промоција на мултикултурните вредности во нашето општество и обележување на 16 ноември Меѓународниот ден на толеранцијата. Обединети во името на почитувањето на различностите, надминавањето на предрасудите и стеротипите и згомеувањето на меѓусебната толеранција, учениците од овие две мултиетнички училишта реализира двочасовна програма во која изнесоа дел од културното богатство на македонскиот, албанскиот, ромскиот, турскиот и србскиот етникум.
Иницијативата е покрената, планирана и организирана од страна на самите средношколци. Преку читање поезија, музички настапи, ликовна колонија, промоција на училишен весник, делење на флаери и презентирање на позитивни примери на меѓуетничка интеракција на младите во пракса, упатија порака и повик до пошироката јавност за создавање на сигурни заеднички простори за меѓуетничка интеракција и разбирање на мутикултурализмот како вредност која не спојува и не прави помоќни и поефективни во изградба на мирот и одржливиот развој на нашата земја. Проектот финансиски е поддржан од Европска Унија во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) а е во имплементација на Женската граѓанска иницијатаива АНТИКО и партнер организацијата ,,Мултикултура,,
|