Учениците од СГГУ „Здравко Цевтковски“ на 26-ти ноември 2013 година, ја организираа првата работилница за подигнување на свеста кај учениците за сериозноста на проблемот со родовото и семејното насилство. Со оваа работилница средношколците сакаат да го дадат својот придонес кон кампањата „16 дена активизам против семејното и родовото насилство“. Работилниците беа одржани од страна на дел од младите PEER тренери, кои ги упатија учениците во симптомите на семејното насилство, ризиците на кои се изложени жртвите, последиците во околината и начините на третирање, превенцијата и заштитата на жртвите.
На работилницата учествуваа 24 учесници кои активно се вклучија во дискусијата и ја споделија својата загриженост за големата распространетост на оваа деструктивна појава во општеството. Оваа активност се реализирана во рамките на проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“ чија главна цел е зголемување на улогата и активизмот на младите во промовирањето и практикувањето на вредностите на мултикултурализмот и соживотот во заедницата. Проектот финансиски е поддржан од Европска Унија во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) а е во имплементација на Женската граѓанска иницијатаива АНТИКО и партнер организацијата ,,Мултикултура,,.
|