Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
понеделник, 23 декември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Печатена и дистрибуирана брошура – „Нашите идеи и вештини кон заеднички успех“ – локална акција, општина Теарце - 31.5.2012
Како дел од локалните акции, во општина Теарце беше отпечатена брошурата во 400 примероци (на албански и на македонски јазик) и дистрибуирана на целните групи и учесничките на работилниците, но и на останатите млади жени во општина Теарце кои се заинтересирани за отворање на сопствен бизнис. Брошурата претставува краток водич за подготовка на бизнис план ( опис на бизнис менаџмент и организација, претпоставки и ризици, финансиски план) и содржи информации за проектите активности кои досега се имплементирани во општината и постигнатите резултати. Целните групи можат да го користат како практична алатка и потсетник при подготовката на бизнис план, затоа што имаат насоки кои точки треба да ги опфати со практични примери каква да биде содржинат ......
 
Јавни дебати во општините Крушево и Теарце - 29.5.2012

Јавните дебати во Теарце и Крушево беа реализирани со цел да се утврди степенот на реализација на точките содржани во Манифестите кои жените ги доставија до локалната власт, што е постигнато и кои се идните приоритети. На јавната расправа во Теарце која се одржа на 25.05.2012 година во просториите на општината присутните 19 учесници/чки имаа можност да се запознаат со активностите кои досега беа реализирани и постигнатите резултати. Особено важно за неформалната група на жени беше разгледувањето на точките од ,,Манифестот,, доставен уште во првата фаза од проектот.

Јавната дебата во Крушево се одржа на 28.05.2012 година во Домот на културата, во присуство на 18 учесници/чки. Беа разгледани досегашните реализирани активности ка ......

 
Работилници за подготвување на апликација за бизнис план -– локална акција, општина Теарце - 21.5.2012
Во општина Теарце на 18.05.2012 и 19.05.2012 се реализираа две работилници на тема „Чекори за добар бизнис план„ и „Маркетинг и финансирање на мали бизниси„. Активностите се дел од локалната акција „Нашите идеи и вештини кон заеднички успех“ планирана и имплементирана од целните групи вклучени во проектот „ Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III “ поддржан од UN Women. На работилниците учествуваа 15 жени кои го поминаа циклусот од две работилници од с. Непроштено, Слатино, Теарце, Пршовце, Глоѓи, Доброште, Нераште и Одри. Работилниците беа фацилитирани од двајца експерти економисти од ,,Агенцијата за поддршка на мали и средни претпријатија.. од Тетово, кои ги воведоа учесничките во чекорите за и ......
 
Јавна дебата за поддршка на жените во нивниот економски развој - 17.5.2012
На 17.05.2012 година, во општина Теарце се одржа јавна дебата за поддршка на жените во нивниот економски развој. На дебатата учествуваа 26 учесници, претставници од локалната самоуправа, жени вклучени во проектот и претставнички од успешни претпријатија кои се во сопственост на жени или се менаџирани од жени во општина Теарце и Тетово, како и други претставници од државни институции и приватниот сектор.Препораките и заклучоците кои произлегоа од дебатата се однесуваат на соработката помеѓу сите засегнати страни во процесите за економско зајакнување на жените од општината.Сите беа согласни дека треба во рамките на своите ингеренции да ги поддржат жените кои активно сакаат да се вклучат на пазарот на трудот и во економските процеси. Тоа подра ......
 
Трибина со жени кои се вклучени во водење на семејни бизниси и успешни жени претприемнички – локална акција, oпштина Теарце - 15.5.2012
На трибината во општина Теарце, одржана на 15.05.2012 година како дел од локалната акција „Нашите идеи и вештини кон заеднички успех“ зедоа учество 26 жени, односно претставнички на целните групи и жени кои директно или индиректно се вклучени во водење на семеен бизнис. Трибината беше добра можност учесничките меѓусебно да разменат искуства и добри практики, но и да поразговараат за проблемите и бариерите со кои се соочиле во текот на нивната работа,односно начините како истите да ги надминат.Беше истакнато дека поддршката на семејството е многу важна, но исто така самодовербата, одлучноста и одговорноста се значајни фактори кои жените треба да ги поседуваат за успешна реализација на една бизнис идеја. Дел од учесничките поставуваа конкре ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.