Јавните дебати во Теарце и Крушево беа реализирани со цел да се утврди степенот на реализација на точките содржани во Манифестите кои жените ги доставија до локалната власт, што е постигнато и кои се идните приоритети. На јавната расправа во Теарце која се одржа на 25.05.2012 година во просториите на општината присутните 19 учесници/чки имаа можност да се запознаат со активностите кои досега беа реализирани и постигнатите резултати. Особено важно за неформалната група на жени беше разгледувањето на точките од ,,Манифестот,, доставен уште во првата фаза од проектот.
Јавната дебата во Крушево се одржа на 28.05.2012 година во Домот на културата, во присуство на 18 учесници/чки. Беа разгледани досегашните реализирани активности како во рамки на локалната акција, така и воопшто во рамки на целиот проект. При разгледувањето на точките од Манифестот се разви дискусија за потребата од активно вклучување на жените во сите процеси на донесување одлуки и активни општествени текови. Неформалните групи на жени( наши целни групи) ја поддржаа имплементацијата на Законот за средно образование, преку јавно застапување и лобирање кај родителите. Тоа придонесе да се зголеми бројот на млади девојки од руралните области кои се запишани во средно и високо образование (околу 95% од младите девојки, го продолжат своето образование во средно училиште, а околу 30% во високото образование).
Жените од руралните средини во општина Крушево во текот на дискусијата како еден од главните проблеми на кои треба да се работи во иднина го посочија непостоењето на јавен превоз од селата до градот. Претставниците од локалната самоуправа и предложија на неформалната група на жени да поднесат барање до општината за отворање нова превозна линија.
|