Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
недела, 01 септември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Хуманитарна Акција во ДСУ СУГС „АРСЕНИ ЈОВКОВ“ 28.10.2013 - 28.10.2013

На 28 октомври 2013 учениците од ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје, организираа јавна акција за собирање на финансиски средства, облека и играчки за помош на децата од Дневен центар за деца на улица од Шуто Оризари. Обединети во името на хуманоста, средношколците од ова мултиетничко училиште одржаа хуманитарен музички настап на кој изведоа песни од македонската, албанската, ромската, турската и србската музичка култура. Публиката воодушевена од мултиетничкото единство што учениците го покажаа, многу дарежливо донираа дел од свој ......

 
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОБЕДИНЕТИ ВО ПРОМОВИРАЊЕТО НА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И ЗАЕДНИЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ - 22.10.2013
Женската Граѓанска Иницијатива Антико и здружението Мултикултура започнаа со имплементација на јавните акции кои беа во склоп на проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“. Главна цел на проектот е зголемување на улогата и активизмот на младите во промовирањето и практикувањето на вредностите на мултикултурализмот и соживотот во заедницата. Со овој проект беа предвидени активности за две генерални групи на млади луѓе: студентите и средношколците. Делот од активностите за средношколците кои се опфатени со п ......
 
ФЛАЕРИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ - 16.10.2013
Со цел помасовно да ја промовираат и да дадат јавност на своите пораки и да влијаат на негувањето на заедничките вредности и мултикултурализмот, целните групи во рамките на јавните акции, дизајнираа и изготвија два флаера (едниот во комплетна изработка на учениците од ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје, додека другиот како заедничка активност на учениците од СОТУ „Ѓоце Стојчески“ и ОСЕУ „8 Септември“ од Тетово ). Флаерите подоцна беа дистрибуирани по останатите соученици, професори, родители и другите засегнати страни преку организирање на јавн ......
 
МЛАДИТЕ ДЕБАТИРААТ НА ТЕМА ОД МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ: ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА КУЛТУРАТА НА „ДРУГИОТ“ - 26.09.2013 - 26.9.2013
Дебата на тема: „Препознавање и почитување на културата на „другиот“ на 26.09.2013 година беше одржана во просториите на средното училиште СГГУГС „Здравко Цветковски“ од Скопје. Дебатата беше организирана од страна на неформалната група на млади од училиштето кои учествуваа на работилниците реализирани во април и мај, како и на „Летната школа за мултикултурализам“ која се одржа во Охрид. На дебатата активно учество земаа поголем број на ученици од училиштето, како и нивните професори. Целта на овој настан беше младите да разговараат за тоа колк ......
 
КРЕАТИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ, ПРИДОНЕСЕ КОН УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ВО ОХРИД - 21.6.2013
Во периодот од 15-20 јуни, 2013 во Охрид, 24 средношколци од 4 мултиетнички училишта од Скопје и Тетово, имаа можност да се едуцираат, дружат и преку практични и креативни сесии да ги споделат нивните идеи за развој на мултикултурализмот во нивните училишта и локални заедници. За време на шестдневната Летна школа за мултикултурализам, учениците со поддршка на нивните професори и обучувачи, успешно ги реализираа предвидените содржини согласно агендата и покажаа дека кај нив постои креативен потенцијал, посветеност и иницијативност, за преземањ ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.