|
|
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОБЕДИНЕТИ ВО ПРОМОВИРАЊЕТО НА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И ЗАЕДНИЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ Датум: 22.10.2013 |
|
|
Женската Граѓанска Иницијатива Антико и здружението Мултикултура започнаа со имплементација на јавните акции кои беа во склоп на проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“. Главна цел на проектот е зголемување на улогата и активизмот на младите во промовирањето и практикувањето на вредностите на мултикултурализмот и соживотот во заедницата. Со овој проект беа предвидени активности за две генерални групи на млади луѓе: студентите и средношколците.
Делот од активностите за средношколците кои се опфатени со проектот, насловени како јавни акции, се активности кои претставуваат плод на идејата и креативноста на самите средношколци. Овие акции започнаа да се спроведуваат во септември и во нивната реализација беа вклучени учениците од четири мултиетнички училишта, ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ и СГГУ „Здравко Цевтковски“ од Скопје и СОТУ „Ѓоце Стојчески“ и ОСЕУ „8 Септември“ од Тетово. Со овие јавни акции, средношколците ја пренесуваат својата порака за промоција и практикување на вредностите на мултикултурализмот. Досега успешно беше одржана една отворената дебата од областа на мултикултурализмот и една еколошка акција. На 22 октомври 2013 учениците од „Ѓоце Стојчевски“ организираа мултиетнички спортски настан а учениците од „Здравско Цветковски“ ги поканија своите родители, професори, претставници од град Скопје и Бирото за развој на образование и медиуми на отворена дебата од областа на мултикултурализмот насловена како „Што научивме едни од други“.
„Дебатата беше успешна, со одговорите на учениците добивме многу вредни пораки, па во иднина сигурно ќе биде подобро и оваа дебата ќе се одрази позитивно на нас.“ – Саранда Јусуф, ученичка во четврта година во СГГУ „Здравко Цевтковски“ и учесник на дебатата.
„Јас лично сум задоволна од тоа како помина денешната дебата, мислам дека доволно се споделија искуствата и се надевам дека вака ќе продолжи и понатаму.“ – Моника Димитрова, ученичка во четврта година во СГГУ „Здравко Цевтковски“ и учесник на дебатата.
Следуваат уште активности и настани со кои овие средношколци го даваа својот придонес во прифаќањето на различностите.
Проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“е финансиран од Европска Унија во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР). Проектот е во реализација на Женска граѓанска иицијатива Антико и здружение Мултикултура.
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|