Прв циклус на работилници во општина Могила Датум: 13.6.2009
Во општина Могила започна со реализација првиот циклус на работилници организирани во рамките на проекот "Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство". Циклусот опфаќа 4 работилници на различни теми и имаа за цел жените од руралните средини од етничките малцинства да се стекнат со знаења и вештини за нивно активно вклучување во општествениот живот. Првата работилница беше организирана на 13.06.2009-та година на тема "Родови концепти"каде учествуваа вкупно 26 жени од селата Трап и Будаково.