Со поддршка на ЖГИ Антико жените во општина Могила организираа трибина за репродуктивно здравје на жената насловена "За посреќен живот". Темата предизвика голем интерес кај жените, присуствуваа преку 50-тина жени од повеќе околни села во општина Могила.
На трибината кратко излагање во однос на симтомите, начините на заштита и потребата од прегледите за навремено откривање на ракот на грлото на матката и дојката имаа д-р. Никола Вељановски, д-р. Лидија Димковска и д-р Сузан Исмаилова.
Присутните жени видно заинтересирани поставуваа прашања до докторите и активно се вклучија во дискусијата.
|