Во рамките на проекот "Преку едукација и зајакнување кон социјано вклучување и активно граѓанство" се спроведуваат 4 локални акции од страна на руралните жени од етничките малцинства во Могила, Липково, Крушево и Теарце.
Локалните акции произлегоа од страна на учесничките на едукативните работилници и се насочени кон идентификуваните проблеми и потреби на жените од руралните средини во наведените општини. Во овој циклус на локални акции главен акцент се стави на превенцијата и заштитата на репродуктивното здравје на жената. Активности кои ќе се организираат во при имплементација на локалните акции се следните: истражување - спроведување на анкета и анализа, организирање на работилници, остварување на соработка со локалната самоуправа, печатење на промотивни материјали - брошури, торби итн., учество во емисии на локални ТВ медиуми, организирање на трибини и други активности кои ќе допринесат да се подигне свеста кај жените за превенција и заштита на репродуктивното здравје.
|