Претставнички на Антико, г-ѓа Дона Димов-Марковска и г-ѓа Ѓунер Небиу, учествуваа на годишната конференција на регионалната мрежа "Жените тоа го можат" за чие организирање и долгогодишна поддршка дава Norwegian People's Aid.
На конференцијата беа презентирани резултатите, достигнувањата, стекнатите искуства, добрите пракси и предизвиците на 8 годишната имплементација на програмата WOMEN CAN DO IT, од страна на партнер организациите во Македонија, Србија, БИХ, Косово, Црна Гора, Хрватска, Албанија и Молдавија. Програмата WCDI е дизајнирана од страна на жените од Лабористичката Партија на Норвешка и наменета е за зголемување на самодовербата и политичко управувачките вештини на жените за активно вклучување во јавниот и политичкиот живот, како и дефинирање на родовата димензија на женскиот јавен и политички ангажман.
ЖГИ Антико во текот на 2002 - 2009 година во рамките на оваа програма организира 47 семинари со 1146 жени учеснички од различни политички патии, НВО, синдикати, медиуми и други сектори и 34 локални акции со над 228 последователни активности иницирани и спроведени од страна на целните групи во заедницата на прашањата од женските права и постигнувањето на родовата рамноправност.
|