На 12.04.2008-ма година година во Скопје се одржа евалуативен семинар во рамките на проекот ЖТГМ кој имаше за цел да ги евалуира и анализира достигнувањата, резултатите, добрите пракси и предизвиците при реализирањето на сите поединечни активности и фази во проектот. Освен тоа, предмет на евалуација беше и самопроцената на секој вклучен актер во имплементацијата на проектот во однос на организационата структура, комуникацијата помеѓу целните групи, обучувачките, организаторите и координативниот тим на проектот, како и улогите и одговорностите, а и самопроценка на сопствениот учинок на секоја вклучена страна. Семинарот се одвиваше преку пополнување на прашалници и интерактивна дискусија на пленарни сесии.
По анализата и сумирањето на добиените резултати од пополнетите прашалници од страна на целната група, обучувачките, организаторките и членовите на координативниот тим, како и интервјуа и анализа на извештаите од обучувачките и тимот за мониторинг ќе се напише извештај со добиените резултати и препораки.
|