На 7- 9 април 2009-та година, во Хотел Оаза - Штип во рамки на проектот „Мобинг, информирај се и препознај го!" спроведен од Центарот за Пермакултура и мир и градба - Штип во партнерство со Женската граѓанска иницијатива Антико - Скопје, АДРР Сонце -Тетово и ЗОК Милениум - Врапчиште, се одржа 3 деневна тренинг работилница за градење на капацитетите на „Мрежа на прва генерација на здруженија на граѓани за застапување на правата на жртвите на мобинг во Република Македонија ". На тренингот учествуваа членови/членки на сите 4 партнер организации кои работат заедно на имплементрацијата на овој проект финансиски подржан од ЕУ (EIDHR).
На организираната интерактивна обука, беа презентирани проектните цели и се реализираа активности и вежби кои дадоа придонес кон зајакнување на капацитетите на учесниците за градење на: "Мрежа на прва генерација на здруженија на граѓани за застапување на правата на жртвите на мобинг " кои во иднина ќе ја фокусираат својата работа на ова многу чуствително прашање кое од ден на ден станува се поактуелно во нашето општество. Последователни активности во рамките на овој проект се подигање на јавната свест за Мобинг преку организирање на кампањи за информирање на јавноста за постоење и препознавање на овој феномен. Во рамките на планираните активности е и давањето помош и поддршка на жртвите преку 4 отворени инфо-линии во Штип, Скопје, Тетово и Гостивар - Врапчиште, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден.
Развојот на зајакнувањето на капацитетите на оваа прва мрежа од ваков вид во Република Македонија ќе се реализира во континуитет, преку заеднички обуки, кампањи, размена на информации, знаења и искуства помеѓу членовите на мрежата како и други ефективни начини на долгорочна меѓусебна поддршка, соработка и заедничко делување.
|