Проектот "Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство" е финасиран од страна на УНИФЕМ и започна со реализација од 1 мај 2009-та година. Во рамките на проектните активности е организирање на работен состанок во вид на интерактивна работилница на 12 мај 2009-та година, каде присуствуваа назначените локални координаторки од четири општини Могила, Теарце, Липково и Крушево.
На состанокот беше презентирана основната проектна цел: зголемувањето на бројот на зајакнати жени од етничките малцинства од рурални средини кои се свесни и ги препознаваат своите човекови/женски права и преземаат иницијативи и акции за создавање на промени на лично ниво, ниво на група и ниво на зедницата. Потоа следеше презентација на активностите и обрвските на локалните тимови од Могила, Теарце, Липково и Крушево, како и презентација за моменталната состојба во Република Македонија во однос на жените од руралните средини, родовата рамноправност на локално ниво и препораките на CEDAW конвенцијата.
|