Локалната власт е место каде што доаѓаат во израз женските способности, знаења и вештини е една од пораките на интерсекторската мрежа формирана од учесничките на семинарот „Жените тоа го можат" упатена до Битолската јавност и релевантните структури во заедницата. Имено, кампањата за зголемување на бројот и рамноправното учество на жените во раководни позиции во структурите на локалната самоуправа е резултат на здружувањето и активното делување на жените од различни политички партии, локална самоуправа, граѓанските организации пред локалните избори во март 2009-та година.
Интерсекторската мрежа формирана од учесничките на семинарот „Жените оа го можат" спроведе низа активности во рамките на локалната акција "Сакам да бидам советничка - повеќе жени во собранието на општината". Активност која се реализираше во рамките на оваа локална акција беше истражување на јавното мислење на граѓаните од општина Битола преку воведување на афирмативни мерки за рамноправно учесто: 50% мажи 50% жени.
Истражувањето беше реализирано со учество на 300 испитаници. Преку анализата и објавувањето на анкетните листови се добија релевантни информации кои и послужија на групата да дизајнираат медиумска кампања со цел да влијаат на подигнувањето на граѓанската свест за важноста и придонесот на учеството на жените во изградба и унапредувањето на економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во заедницата.
Пораката до граѓаните и релевантните структури и институции беше пренесена преку печатени брошури и флаери со промотивни, информативни и едукативни содржини кои, пак, беа дистрибуирани во централното и поширокото градско подрачје. Во рамките на локалната акција беше организирана и трибина за што беа упатени покани до сите политички партии, структури на локалната самоуправа, невладини организации, медиуми и други. На 14.03.2009-та година во Битола беше организирана јавна трибина каде учествуваа претставници од политичките партии и други релевантни структури. На трибината претставничките на групата „Жените тоа го можат“ ги презентираа добиените резултати од истражувањето и се разви дебата на гореспоменатите прашања во однос на рамноправното учество на жените и мажите во органите на Локалната самоуправа. Дебатата беше проследена и од локалните електронски медиуми од Битола.
Локалната акција и кампањата финансиски ја поддржа ЖГИ Антико и НПА. Неформалната група продолжува да се структуира и интензивно да работи на својот раст и одржлив развој, чија цел е да продолжи да работи во оваа област. ЖГИ Антико изрази спремност да даде поддршка и да ја фацилитира групата во процесот на дефинирањето на својата мисија, цели, задачи и активно делување во заедницата.
|