Локалната акција „Сите ние заедно можеме да ги реализираме нашите цели во општината" беше реализирана во Теарце од страна на неформалната група на жени учеснички на семинарите „Жените тоа го можат".
Основна цел на локалната акција беше да се поддржат жените кандидатки на локалните избори во општината. Во подготовките и организацијата на локалнта акција се вклучија активните жени од сите политички партии во Теарце (ДУИ, ДПА, НД), како и советнички од локалната самоуправа и жени на раководни позиции. Беа организирани три работилници со жените од локалната самоуправа како и еден состанок со жените кандидатки на локалните избори. Потоа се испечатија промотивни материјали со имињата на кандидатките кои беа дистрибуирани во општината во предизборната кампања.
Една од најзначајните активности спроведени во локалната акција е организирањето на трибина за промоција на жените кандидатки за советнички и нивните програми. Потоа се разви дискусија каде сите присутни се согласија дека во иднина уште повеќе ќе соработуваат за да ги постигнат целите во однос на подобрување на статусот на жената во општината.
Локалната акција имаше голем публицитет и беше следена од страна на неколку медиуми ТВ Коха, ТВ Атр, Факти и Лајм.
|