Во Крушево на 01.02.2009-ам година година беше одржан семинар "Жените тоа го можат" кој предизвика голема заинтересираност кај жените, особено во однос на темите кои се обработуваа на семинарот. Присуството на 21 жена од различни политички партии, невладини организации, локална самоуправа овозможи размена на мислења, ставови и идентификување на потребите на жените во оваа локална заедница.
На семинарот присуствуваше и градоначалничката на општина Крушево која ја пофали иницијативата на Антико за организирање на ваков вид семинари бидејќи допринесуваат за што поголема вклученост на жените во политичкиот живот.
Жените во Крушево изразија голема заинтересираност и за понатамошна нивна соработка особено во делот на подготовка на локална акција.
|