Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Прoмоција на публикацијата "Мојот глас - Моја одлука"
Датум: 09.2.2009
 

ЖГИ Антико и Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) на 9-ти февруари 2009-та година во НВО инфо-центарот организираa прес- конференција, каде што ги објавија резултатите на истражувањето во рамките на проектот "Мојот глас - моја одлука".

Политичките партии се главни виновници за семејното гласање – ова го покажува анализата на Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ). Испитаниците вклучени во 14-те фокус групи истакнале дека преку групното гласање во руралните средини некои партии обезбедуваат сигурна победа. Од центарот велат оти проблемот дополнително го усложнува и неефикасноста на државните институции.

- Од сите 120 учесници во „фокус“ групите, ниту еден не слушнал за пример некој да биде казнет за семејно гласање или гласање во име на друг. Сметаат дека доколку ефикасно се спроведуваат казните на некој начин би се намалила оваа појава. Ретко кој од испитаниците слушнал претставник на избирачки одбор да опомене или да упати некој како правилно се гласа - вели м-р Сања Костовска, аналитичар.

Според Женската Граѓанската Иницијатива Антико, најранлива категорија е женската популација. Недозволувањето на жената слободно да го даде својот глас е отворена закана за развојот на демократијата, вели г-ѓа Ѓунер НЕБИУ од  ЖГИ Антико. „Семејното гласање и гласањето во име на друг е феномен кој стана видлив, по осамостојувањето на Македонија. Тоа секогаш беше актуелно, но во различни периоди, со различен интензитет - рече г-ѓа Ѓунер Небиу – претседателка на ЖГИ Антико“.

Во насока на спречување на оваа негативна појава, двете организации ќе ја започнат кампањата „Мојот глас – моја одлука“. По принципот од врата на врата ќе се делат промотивни материјали во изборните единици каде е евидентиран проблемот.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.