Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Антико го поддржува апелот на Европската Феминистичка Иницијатива против насилствата во Газа
Датум: 30.12.2008
 

Европска Феминистика Иницијатива испрати апел со наслов Доста! до сите релевантни фактори низ целиот свет. ЖГИ Антико го поддржува апелот и им се приклучува на сите граѓански и феминистички движења кои бараат итна акција како одговор на овој страшен злочин.

ДОСТА!

„Најкрвавиот ден во Газа во 40 години, од крајот на шестдневната војна”. Речиси 300 убиени и 700 ранети досега, а ова е само почеток според израелските лидери. Денес цивилите во Газа се оставени сами пред масивно уништување, без храна, електрична енергија, лекови, без никаква врска со светот, во катастрофална нехумана положба. Повеќе од половина милион се колективно казнувани и се лишени од основните животни потреби за повеќе од една година.

Европската Феминистичка Иницијатива им се придружува на сите граѓански движења за човекови права и феминистички движења во итна акција во целиот свет како одговор на овој страшен злочин.

Милитантноста и насилството предизвикуваат насилство. Феминистките го знаат ова многу добро. Европската Феминистичка Иницијатива бара итно запирање на Израелското бомбардирање на Газа и на сите воени акции од страна на Израел и Хамас, и ги повикува двете страни да ги започнат мировните преговори. Потребен е итен прекин на економската блокада на Газа. Сега!

Исто така, ги повикуваме ЕУ и САД да преземат веднаш чекори кои ќе стават крај на вооружувањето и милитаризацијата на нивните општества и на сите општества во светот. ЕУ и САД имаат голема обврска да започнат процес на разоружување на глобално ниво, вклучувајќи го и расформирањето на НАТО, преку кој ќе се фацилитира целосното запирање на вооружувањето во Средниот Исток и отварањето на простор за партиципативно истражување на вистински мировни политички решенија, во кои цивилното општество, активистите за човекови права, мировните работници заедно со прогресивните политичари ќе имаат свој збор.

Резолуциите на ОН поврзани со повлекување на населбите и повлекување од окупираните палестински територии мораат да бидат итно спроведени. Израелските и палестинските влади треба итно да отворат простор за дијалог, дијалог кој ќе значи самокритички пристап и признавање на другиот.

Дијалог кој се базира на UNSCR 1325 и обезбедува простор за жените и феминистиките од цивилниот сектор од сите страни да седнат на преговарачката маса. Сега!


Lilian Halls-French

President of

European Feminist Initiative

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.