Семинарот "Жените тоа го можат" во Гостивар одржан на 20.12.2008-ма година ги поттикна жените на понатамошна интерсекторска соработка при подготвување на предлог за локална акција.
На семинарот учествуваа 24 претставнички од локалната самоуправа, родовите комисии, политичките партии, медиумите, синдикатите, невладини организации и други.
Основна цел на семинарот е жените да ја развијат и зајакнат самодовербата, да се овозможи стекнување на вештини за активно учество во политичкиот и јавниот живот, како и да се иницира понатамошна интерсекторска соработка.
|