Тема: Обврски од известувањето на Телата на ООН за човекови права: Спроведување на препораките и следни чекори. Министерството за надворешни работи (МВР), Тимот на Обединети Нации во Mакедонија и Канцеларијата на Високиот Комесар на ООН за човекови права - Женева, на 16-ти и 17-ти декември во хотел Континентал во Скопје организираа дводневна работилница.
Целта на работилницата беше учесниците да се запознаат со методологијата и да направат оценка на напредокот во спроведувањето на препораките на механизмите за човекови права на ООН и да договорат заеднички стратегии за следните чекори. Исто така, Министерството за надворешни работи информира и побара мислења од учесниците околу подготовката на Државниот извештај за Универзалното периодично разгледување во рамките на новиот механизам на ООН, кој за Македонија ќе биде разгледуван во мај 2009-та година.
На работилницата учествуваа, претставници/чки на граѓански организации, Владата на Република Македонија (повеќе минстерства), Собранието на Република Македонија, судството и други меѓународни и регионални организации. Воедно, на работилницата учествуваше и претставничка од Женската Граѓанска Иницијатива Антико, која зеде активно учество во тематската група во однос на препораките за Комитетот на ООН.
Работилницата се реализира со интерактивен пристап, следуваа презентации, работа во групи, пленарни дискусии и сесии.
|