На 13.12.2008-ма година во Хотел Амбасадор во Скопје се одржа семинар во рамките на програмата “Жените тоа го можат“ во организација на Женската Граѓанска Иницијатива Антико поддржана од Пактот за Стабилност и Норвешката Народна Помош.
“Жените тоа го можат“ претставува регионална програма која вклучува организација на обуки за унапредување и јакнење на политичко управувачките вештини и дефинирање на родовата димензија на јавниот активизам на жените кои работат во одлучувачки позиции, родовите комисии, локалната самоуправа, администрацијата, претставнички од политички партии, медиуми, синдикати, невладини организации и друго.
|