Во Дебар на 06.12.2008-ма година ЖГИ Антико организираше семинар „Жените тоа го можат“ каде во мултиетнички состав учествуваа 24 претставнички од различни политички партии, медиуми, локална самоуправа и невладини организации.
Семинарите од оваа програма на ЖГИ Антико се дизајнирани да ја развијат и зајакнат самодовербата, да овозможат стекнување на знаења за политички и управувачки вештини, дебатирање, формирање на став, аргументирање, преговарање, организирање и водење на кампањи и мотивирање на жените за активно учество во политичкиот и јавниот живот во заедницата преку дефинирање на концептот на родова рамноправност.
|