„Дали го препознавате родовото насилство?!“ е мотото на кампањатата што ја спроведува Антико по повод обележувањето на светските денови на активизам против родовото насилство " 16 денови активизам против насилство врз жените “ е глобална, светска кампања. Таа започнува на 25-ми ноември и завршува на 10-ти декември со меѓународниот ден на човековите права. Овие денови се обележуваат како денови на солидарност и сеќавање на сите жени кои биле жртви на насилство. Ова воедно значи заложба и придонес кон елиминирањето на родовото и семејното насилство, каде над 95% од жртвите се жени и женски деца.
Овие 16 денови уште еднаш треба да не потсетат дека насилството врз жените е прашање на човештвото, на општествениот развој и трајниот мир во локални и глобални рамки. Ова вековно зло ги погодува сите жени без разлика во кои делови на светот се наоѓаат и кој е нивниот социален статус, нивото на нивното образование и/или друг вид на различност.
Насилството врз жените - семејното насилство со сите нејзини постоечки видови ги загрозува телата, животите, психолошкиот интегритет, слободата, безбедноста и сигурноста на сите тие кои се негови жртви.
Практиките низ целиот свет покажуваат дека родовото насилство е едно од најзогрозувачките, но и најмалку препознатливите и признаени форми на прекршувањето на човековите права. Нејзините корени лежат длабако во општествените структури - во патријархатот и нејзиниот систем на вредности.
Затоа многу е важно да ја препознаеме врската помеѓу патријархатот и милитаризмот која е една од главните причинители за постоењето на родовата рамноправност која репродуцира насилство врз жените како за време на "мирот" така и за време на вооружените конфликти, каде жените стануваат цел и жртви на воените стратегии. Еден од главните причинители на дискриминацијата и насилството е нерамноправната поделба на моќта и трудот помеѓу мажите и жените во сите области на општествениот живот.
Низ целиот свој живот жените се соочуваат со дискриминација - насилство која доаѓа од страна на државата, заедницата, семејството. Тие се меѓу првите кои го искусуваат нефункционирањето на државните служби, први на кои не им се овозможува здравствена нега, образование, економска сигурност, наследство. Тие се и меѓу првите, кога настапуваат економските кризи и транзиции, кои ги губат работните места, осиромашуваат и остануваат на маргините на општесвето.
Женската Граѓанска Иницијатива Антико, оваа година, како и сите други години спроведува активности по повод оваа меѓународна активност. Мотото на кампањата за 2008 година гласи: „Дали го препознавате родовото насилство?!“
|