Семинарот “Жените тоа го можат“ во Охрид ги сооедини жените од повеќе структури од Охрид и Струга Датум: 14.4.2008
Семинарот се одржа во хотел Ројал Вју на 12.04.2008-ма година. На овој семинар присуствуваа 18 учеснички од повеќе сектори и националности од Охрид и Струга. Иницијативата за мултисекторско вмрежување на жените беше особено нагласена на овој семинар кој се надеваме дека во иднина ќе има своја одржливост и ќе продолжи да функционира.