Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ под мотото „Стави крај на насилството врз жените и семејното насилство“
Датум: 24.11.2017
 

ПОКАНА за учество во активности во рамки на Меѓународна Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ под мотото „Стави крај на насилството врз жените и семејното насилство“

Почитувани,

Особена чест и задоволство ни е да ве поканиме на престојните активности кои АНТИКО ги организира во рамките на Кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата“. Во текот на 16 дена, организациите членови и соработниците на мрежата на АНТИКО ќе реализираат 17 настани – работилници и трибини, во 14 локални заедници на Република Македонија односно во Тетово, Гостивар, Ресен, Пробиштип, С.Будаково-Могила, Куманово, Липково, Јегуновце, Делчево, Кичево, Теарце, Шуто Оризари, С.Канатларци-Прилеп и Општина Аеродром. Покрај работилниците и трибините ќе се врши и дистрибуција на промотивно-едукативен материјал.

Целите на активностите на кампањата и на промотивно-едукативниот материјал се: да се даде придонесе кон зголемување на јавната свест и информираноста за мерките кои треба да се превземат во однос на проблемот на насилството врз жените и девојчиња, и семејното насилство на локално и национално ниво. Имено, наша главна цел е: да се овозможи превенирање на насилството и подобрување на заштитата на потенцијалните жртви, но и да се потсетат сите надлежни државни институции и други засегнати страни за потребата да се обезбеди нивно активно, организирано, координирано и ефикасно приклучување кон заложбите за елиминирање на сите форми на насилството врз жените и девојките, во согласност со „Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство“ на Р. Македонија.

Активностите на кампањата се насочени кон сензибилизирање на младата популација од урбано и рурално поднебје и на претставниците на државните институции во насока на формирање позитивни ставови во однос на родовата рамноправност и еднаквите можности сѐ со цел елиминирање на родовите предрасуди и стереотипи кои создаваат “плодно тло” за одржување на насилството.

Со оваа кампања АНТИКО дава активен придонес кон создавањето на еден побезбеден свет и достоинствен живот без насилство и почитување на правата на секоја индивидуа. Поканата и деталната табела за овогодинешните настани и активности можете да најдете на овој линк http://antiko.org.mk/Uploads/ANTIKO_Pokana_za_kampanja_16_dena_aktivizam_2017_godina_Civica_INS_mak(1).pdf.

Со почит,

ЖЕНСКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА АНТИКО

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.