На наше големо задоволство, учесничката од Штип – Бурчин Демирова – целна група во рамките на ЕУ проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“, врз основа на успешно завршениот курс по шминка и покажаниот висок степен на заинтересираност, се здоби со куфер со производи со цел да и се помогне во започнувањето на оваа кариера која се надеваме ќе премине во можност за самовработување.
Со оваа поддршка од ЕУ Проектот, Бурчин ќе може да го отпочне своето индивидуално-професионално искуство во оваа сфера како жена претприемач.
На Бурчин и посакуваме многу успех!
|