Согласно со проектот, 30 невработени жени реализираа 3 месечна професионална пракса во бизнис секторот и јавните установи. АНТИКО заедно со локалните медијатори во континуитет спроведуваше мапирање на потенцијални работодавачи. Откако се изврши предфиналната селекција, АНТИКО испрати Дописи за воспоставување соработка до 24 организации/институции. Од нив 23 се согласија да ги прифатат корисничките да ја обавуваат професионалната пракса во нивната институција/организација, односно:
Куманово:
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–РЕСИ – две практикантки;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ЛЕЈДИ СТИЛ – една практикантка;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ЊУ ФЕШН – една практикантка;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ФИОНА – две практикантки.
Штип:
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–КОНТЕСА – две практикантки;
ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН–ДОМ Панче КАРАЃОЗОВ – две практикантки;
ФЗОМ ПЕ ШТИП – две практикантки.
Битола:
МКЦ–БИТОЛА – една практикантка;
БАИРСКА СВЕТЛИНА – две практикантки;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–КСЕНИКС – една практикантка;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ВИОЛА ФИТ – една практикантка;
ФРИЗЕРСКО СТУДИО ЛА БЕЛА – една практикантка.
Тетово:
АЛБИМЕДИКА БИОХЕМИСКА ЛАБ – една практикантка;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ДИАМОНД–БЕАУТИ – една практикантка;
КОЗМЕТИЧКИ САЛОН–МАКСИМУС-БХС – една практикантка;
НЕТИНГ ШКОЛА ЗА ЈАЗИЦИ – една практикантка;
ОТВОРЕН ГРЃАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА Д.У. ТЕТОВО – една практикантка;
СТАРТЕР ФОН ФОН–ТЕТОВО – една практикантка.
Скопје:
ПЗУ ДОКТОР МАЕР – една практикантка;
НВО ИРИЗ – една практикантка;
ПЗУ ИНТЕРГИН БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА – две практикантки;
НВО РОМАВЕРЗИТАС – една практикантка;
АПТЕКА РУНОЛИСТ – една практикантка.
Воспоставена е директна соработка со работодавачите и тие издадоа Потврдни писма за отпочнување на практиканството. Креирани се документи за мониторинг, евалуација и известување поврзани со ангажманот на практикантките и потпишани се трипартидни Договори за практиканства. Меѓу другото работодавците, со потпишувањето на договорите, се согласија, откако ќе заврши професионалната пракса да им обезбедат Потврди за практиканство на нашите кориснички, како би можеле уште повеќе да го зголемат своето CV и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Сите практикантки континуирано се посетуваа од проектниот тим на АНТИКО. Практикантките беа посетени по минимум два пати.
|