Доделување на сертификати за учество во тренинг програмата и на стручните-верификувани и останати тренинзи.
Тимот на АНТИКО организираше 5 настани за доделување на сертификатите од спроведената тренинг програма. За таа цел се подготвија 326 сертификати, односно за секоја учесничка по еден сертификат, кој ги содржи темите на кои учесничката земала учество. Настаните се одржаа во јули 2017 година. Најважно, им посочивме на корисничките дека треба своите сертификати да ги однесат во центрите за вработување и истите да им бидат дел од личното досие. Со сите здобиени сертификати од овој проект, нашите кориснички си ги зголемија можностите за вработување и станаа поконкурентни на пазарот на трудот.
Спроведување на стручните-верификувани и останати тренинзи
Едни од најважните активности – спроведувањето на стручните-верификувани и останати тренинзи. Вкупно 167 жени од 5те општини земаа учество во 18 – тримесечни курсеви, кои им озвозможија идно вработување и/или самовработување. Од нив 70% учествуваа во лиценцирани курсеви за занаети кои дадоа придонес да се квалификуваат и/или доквалификуваат за фризерство, козметичарство, шиење и кроење, професионална шминка, како и декоративен маникир. Останатите 30% учествуваа во курсеви за јазици – англиски и германски и во курсеви за основни компјутерски вештини.
|