Со големо задоволство објавуваме дека на овогодинешниот 31ви Меѓународен Атлетски Маратон - International Athletic Marathon OHRID наградувањето е изедначено и дискриминацијата врз основа на пол е надмината.
Оваа промена е резултат на брзата реакција и заложбата на АНТИКО и на граѓанскиот сектор, но уште повеќе е резултат на способноста на граѓаните на РМ да ја препознаваат родовата дискриминација и сплотено (жени и мажи) да се борат за надминување на истата, како и спремноста на организаторот да изврши позитивни промени.
Како што наведовме во Отвореното писмо, кое АНТИКО го достави до 47 медиуми, нашата препорака и цел беше нивелирање на наградите и истата се реализираше. Доказ за тоа е и новиот родово-коректен постер кој го објави денес Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012. Го поздравуваме организаторот за навременото корегирање и надминување на настанатиот проблем.
|