Од денес почнуваме со одржување на тркалезни маси во 5 општини, наменети за споделување на информации - воспоставување на дијалог со засегнати страни за изнаоѓање на адекватни решенија (заклучоци и препораки) за создавање на овозмувачка околина за вклучување на жените на пазарот на трудот (со посебен акцент на жените од немнозинските етнички заедници.
На овие настани учество ќе земат претставници од, синдикати, од АВРМ преку локалните Центри за вработување, Здруженија на работодавачи, преставници од стопанските комори, биснис секторот, Центрите за социјални работи, претставници на локални релевантни ГО и други групи на граѓани и засегнати страни. Тркалезните маси ќе се одвиваат во просториите на таргетираните општини, со исклучок на Скопје каде ќе се одржат во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари.
Распоредот на тркалезните маси е следниот:
- 27.06.2017 година, Општина Битола, со почеток од 10:30-12:30 часот;
- 28.06.2017 година, Општина Штип со почеток од 10:30-12:30 часот;
- 29.06.2017 година, Општина Тетово со почеток од 10:30-12:30 часот; - 29.06.2017 година, ОУ Браќа Рамиз и Хамид, со почеток од 14 часот;
- 04.07.2017 година, во Кружната сала (Комитет) на Општина Куманово, со почеток од 10:30-12:30 часот.
Тркалезните маси се спроведуваат во рамките на ЕУ Проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“, кој АНТИКО го спроведува во партнерство со CARE Германија/Луксембург е.В.
ЖГИ АНТИКО е корисник на институционален грант од Civica Mobilitas.
|