Женска граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје отвора Повик за приклучување на нови организации во мрежата. За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани граѓански организации кои делуваат во областа на промоцијата на културата на мирот и ненасилството, заштитата и унапредувањето на женските човекови права, родовите прашања, унапредувањето на демократските процеси, плурализмот и постигнувањето на родовата рамноправност, да аплицираат за членство во мрежата на ЖГИ АНТИКО.
Сите заинтересирани организации согласно член 13 од Статутот на ЖГИ АНТИКО (достапен на следниот линк) треба да ги достават следните документи во скенирана или оригинална/hard copy верзија:
- Пополнета Пријава за членство во ЖГИ АНТИКО;
- Статут на организацијата; Тековна состојба (не постара од 6 месеци);
- CV на организацијата (не подолго од 3 страни);
- Годишна програма за 2016 година (доколку организацијата поседува таков документ);
- Листа на членови на Извршното тело.
Повеќе информации за ЖГИ АНТИКО, мисијата и визијата, областите на делување и слично, можете да пронајдете на веб страната www.antiko.org.mk.
Крајниот рок за доставување на апликациите за нови членки заедно со целокупната пропратна документација е 30 јуни 2017 година на електронската пошта contact@antiko.org.mk и antico@t.mk или во просториите на Извршната канцеларија на ЖГИ АНТИКО на ул. „Вуковарска“ бр.23-1/2, 1000 Скопје, или на поштенски фах 1090/1010.
Зголемувањето на мрежата е дел од активностите на ЖГИ АНТИКО од институционалниот грант на Цивика Мобилитас.
Преземете ги следните документи:
Povik za novi chlenki vo mrezata na ANTIKO - CM INS 2017
Prijava za chlenstvo vo mrezata na ANTIKO - CM INS 2017
|