ЖГИ АНТИКО од 08.05.2017 до 20.07.2017 година организира професионална пракса во рамките на проектот „Вклучување на жени од етничките заедници во пазарот на трудот“. Во текот на месец мај, јуни и јули 30 млади жени (по 6 од секоја општина) од Скопје, Куманово, Штип, Битола и Тетово, стекнуваат практично искуство по завршувањето на 3 месечниот циклус на обуки каде се мотивираа и добија теоретски знаења и вештини за активно вклучување во пазарот на трудот.
Целта на индивидуалната професионална пракса е зголемување на знаењата и капацитетите на целните групи, да станат поконкурентни на пазарот на трудот. Оваа активност е неизмерно важна за жените, токму поради стекнувањето на практично искуство во работна средина, кое ќе им овозможи зголемување на нивните работни навики, искуство, знаење и вештини во области каде што се определиле да работат, а уште поважно е тоа што оваа активност отвара поголеми можности за нивно идно вработување. Охрабрува фактот што сите учеснички и работодавачите каде тие ја спроведуваат праксата добро соработуваат и се задоволни од оваа соработка. Најавуваат и можности тие да ја продолжат соработака преку вработување или понатамошно ангажирање. Изборот за областа каде ќе ја реализираат праксата им беше препуштен на самите учеснички.
Организации и правни субјекти во горе наведените општини, кои претходно беа таргетирани и со нив беа потпишани соодветни договори се следните:
Куманово:
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–РЕСИ – две практикантки;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ЛЕЈДИ СТИЛ – една практикантка;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ЊУ ФЕШН – една практикантка;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ФИОНА – две практикантки.
Штип:
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–КОНТЕСА – две практикантки;
ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН–ДОМ Панче КАРАЃОЗОВ – две практикантки;
ФЗОМ ПЕ ШТИП – две практикантки.
Битола:
МКЦ–БИТОЛА – една практикантка;
БАИРСКА СВЕТЛИНА – две практикантки;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–КСЕНИКС – една практикантка;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ВИОЛА ФИТ – една практикантка;
ФРИЗЕРСКО СТУДИО ЛА БЕЛА – една практикантка.
Тетово:
АЛБИМЕДИКА БИОХЕМИСКА ЛАБ – една практикантка;
ФРИЗЕРСКИ САЛОН–ДИАМОНД–БЕАУТИ – една практикантка;
КОЗМЕТИЧКИ САЛОН–МАКСИМУС-БХС – една практикантка;
НЕТИНГ ШКОЛА ЗА ЈАЗИЦИ – една практикантка;
ОТВОРЕН ГРЃАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА Д.У. ТЕТОВО – една практикантка;
СТАРТЕР ФОН ФОН–ТЕТОВО – една практикантка.
Скопје:
ПЗУ ДОКТОР МАЕР – една практикантка;
НВО ИРИЗ – една практикантка;
ПЗУ ИНТЕРГИН БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА – две практикантки;
НВО РОМАВЕРЗИТАС – една практикантка;
АПТЕКА РУНОЛИСТ – една практикантка.
Сите практикантки континуирано се посетуваат од проектниот тим на АНТИКО. На следните линкови можете да пристапите до фотографии од спроведените посети на практикантките на лице место.
Фотографии од посети во Тетово
Фотографии од посети во Скопје
Фотографии од посети во Штип
Фотографии од посети во Куманово
Фотографии од посети во Битола
Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Вклучување на жени од етничките заедници на пазарот на трудот“ поддржан од Европската Унија, а имплементиран од ЖГИ АНТИКО-Скопје и CARE Германија/Луксембург е.В. ЖГИ АНТИКО е корисник на институционален грант на #civicamobilitas
|