На повикот за мали грантови, финансирање на проекти кој беше објавен на 08 февруари 2017г. во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европската унија имплементиран од ЦОСВ Прилеп во партнерство со ЖГИ АНТИКО од Скопје и Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, аплицираа вкупно 11 граѓански организации.

Во оваа фаза финансирани ќе бидат шест проекти.

 

  АПЛИКАНТ ИМЕ НА ПРОЕКТ ОПШТИНА
1. Здружение на граѓани „Заеднички соживот“ Заеднички тим Велес
2. Друштво за едукација – Академик QR лов по богатство Крушево
3. Здружение МУЛТИЕТНИКУМ Младите знаат и умеат да градат соживот Долнени
4. Здружение „Центар за младинска иницијатива и дијалог“ –  Кичево Културните вредности на мултиетничко Кичево Кичево
5. Здружение на граѓани за образование и култура Унитети Прогресив Скопје Совесни граѓани за еколошки Чаир Чаир
6. Еколошко здружение „Младина на Долно Свиларе“ 3 проблеми, едно решение Сарај