ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОЕКТОТ „ЗДРУЖЕНИ СИЛИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕСИ“
Преку овој повик ЦОСВ – Координативен одбор на волонтерски услуги заедно со ЦГИ – Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп и Женска Граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓански здруженија, да поднесат пријава за учество во активностите на овој проект, односно за поставување на цврста база за развој на локалното граѓанско опшество поддржуваќи го во организирање на локални акции за заеднички потреби во заедницата, формирање на општински тела.
Главна цел е зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредување на односите преку партиципативна демократија чиј резултат е препознавање од страна на јавните институции за важноста од вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување на одлуки кое ќе придонесе за подобување на владеењето. Ова ќе резултира со засновање на цврсто партнерство помеѓу граѓанските организации и локалните креатори на политиката каде што заедничките ресурси соодветно ќе се користат. Во оваа фаза ќе бидат избрани 6 партнерства. Избраните 6 организации ќе бидат менторски организации одговорни за поддржување на партнерството помеѓу граѓанското опшество и општините кои ги донесуваат конечните одлуки во насока на интеретничките интереси во општината.
Крајниот рок за доставување на пријавите е 15 Мај 2017. Повикот и пријавата можете да ги спуштите од следниот линк
http://jointforces.eu/povik/
|