Скопје, 7/04/2017 година Женска граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје и CARE Deutschland/Luxembourg e.V, во рамките на проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“, финансиран од страна на Европската Унија, објавуваат:
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧНИ КУРСЕВИ ВО: СКОПЈЕ, КУМАНОВО, ТЕТОВО, БИТОЛА, ШТИП.
Здружението Женска граѓанска иницијатива АНИТКО од Скопје, има потреба од заинтересирани-организации, здруженија и провајдери кои организираат платени-сертифицирани курсеви на следните теми:
1. Изучување на јазици (англиски, германски, македонски);
2. Фризерки;
3. Шминкерки;
4. Педикир-маникир;
5. Козметичарки;
6. Негователки;
7. Компјутери.
Општа цел Овозможување на инклузивен пазар на труд во Македонија, каде што сите граѓани, вклучувајќи ги и оние од ранливите категории, ќе имаат еднаков пристап и можности за вработување.
Специфична цел Зголемување на пристапот и присуството на жените од етничките заедници на пазарот на трудот во Република Македонија, преку јакнење на нивните потенцијали за вработување и создавање на поволна социјално/општествена средина. Проектот има за цел на зајакнување на жени од немнозинските етнички заедници во Скопје, Тетово, Битола, Куманово, и Штип, преку организирање обуки /курсеви и индивидуална ориентација, заради зголемување на нивното знаење и капацитети, за тие да станат поконкурентни на пазарот на трудот.
Рокот за поднесување на понуди е 17.04.2017 година (понеделник) до 17 часот. Понудата ја очекуваме или по електронски пат на адресите contact@antiko.org.mk, antico@t.mk, wci.antiko.mk@gmail.com или на ул.„Вуковарска“ бр.23-1/2, 1000 Скопје, Поштенски фах 1090-1010.
За да го преземете повикот кликнете на линкот Baranje za ponudi za struchni kursevi IEMWLM
|