Со цел да се анализираат постигнатите резултати и достигнувања на проектот, но и предизвиците, ЖГИ Антико реализира екстерна и интерна евалуација со ангажирање на надворешна експертка - евалуаторка.
Со цел да се анализира еваулативниот извештај на екстерната и интерната евалуација на 14.06.2008-ма година во хотел Амбасадор - Скопје се одржа еднодневен евалуативен семинар.
На семинарот присуствуваа едукаторките и организаторките на семинарите и локалните акции, проектниот и програмскиот тим на Антико како и членки на раководните структури. На семинарот беше презентиран извештајот со добиените резултати од екстерната анализа подготвена од страна на надворешната евалуаторка во рамките на проектот “Жените тоа го можат“, а исто така беа презентирани и добиените резултати од интерната евалуација реализирана од страна на проектниот тим, кој вршеше постојан мониторинг и евалуација за секоја проектна активност посебно.
Надворешната евалуаторка при реализирањето на екстерната евалуација користеше методологијата на интервјуа и пополнување на прашалници од страна на целните групи, едукаторките - фацилитаторките, организаторките и координативниот и програмскиот тим на Антико.
Проектниот тим за извештајот на интерната еваулација ги користеше сознанијата добиените резултати пополнетите еваулативни прашалници интервју од страна на сите учеснички на семинарите, а и од едукаторките, организаторките и сите други вклучени лица во реализирањето на проектните активности.
По презентирањето на резутатите се разви отворена дискусија за постигнатите резултати, а и за предизвиците и појавените проблеми кои треба да се користат за понатамошно подобрување и унапредување на работата и постигнување на поодржливи резутати во оваа област.
|