Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЖГИ АНТИКО од Скопје и ЦГИ Прилеп, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014 објавува повик за мали грантови.
Целта на овој повик е зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредувањето на односите во заедницата преку партиципативна демократија. Специфична цел на повикот е: – поддршка на процесот на градење на доверба во заедницата преку согледување на заедничките интереси на заедницата -да се стимулираат акции на локалните заедници за учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.
Повикот за мали грантови е наменет за следните општини: Долнени, Кичево, Крушево, Велес, Чаир и Сарај. Преземете ги документите за повикот на следниот линк http://jointforces.eu/povik-za-mali-grantovi/
|