ВАЖНО!! Крајниот рок е продолжен до 2ри декември 2016 година.
Здружението Женска граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје и CARE Deutschland/Luxembourg e.V, бараат заинтересирани локални експерти/ки од Куманово за организирање и одржување на креативни работилници за деца на возраст од 5 до 10 години. Експертите/ките се бараат за ангажман во рамките на проектот „Вклучувaње на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од страна на CARE Deutschland/Luxembourg e.V. во партнерство со ЖГИ АНТИКО.
Креативните работилници за деца се организираат во рамките на проектот чии главни активности се наменети за жени (мајки) од етничките заедници кои сакаат да ги зголемат своите капацитети и потенцијали за активно вклучување во пазарот на трудот. Работилниците се предвидени за групи на деца од различни етничности на возраст од 5 до 10 години. Групите ќе бидат составени од максимум 25 деца.
Пријавите со целокупната пропратна документација треба да се достават најдоцна до 14 ноември 2016 година на електронската пошта: contact@antiko.org.mk и на antico@t.mk. Преземи го целосниот повик на следниот линк
|