CARE Deutschland/Luxembourg e.V и Женска граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје, во рамките на проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“, финансиран од страна на Европската Унија, објавуваат:
ЈАВЕН КОНКУРС
За жени од етничките заедници од Скопје, Штип, Куманово, Тетово и Битола
за учество на Обуки во тренинг програмата „Таа гради иднина“
Ги покануваме сите заинтересирани жени од немнозинските етнички заедници, на возраст од 20 до 40 години, со минимално завршено основно образование од Скопје, Штип, Куманово, Тетово и Битола, кои се заинтересирани да ги зајакнат своите знаења, вештини и искуства, кои ќе им овозможат да бидат конкурентни на пазарот на трудот, да земаат учество во организираните обуки.
Во рамките на тренинг програмата се опфатени следните теми:
I. Изучување на јазици (англиски и германски);
II. Општи животни вештини: комуникација и меки вештини;
III. Кариерно советување;
IV. Основи за развој на бизнис и самовработување;
V. Други теми.
- За најуспешни учеснички од општините, проектот предвидува платена пракса од 3 месеци;
- Децата на мајките кои ги посетуваат обуките ќе бидат згрижени преку одржување на кретивни работилници од страна на професионални лица од таа област (за време додека мајките се на обука).
Апликациите се достапни на проектната веб страна www.sheisbuildingfuture.org, на веб страната www.antiko.org.mk или во канцелариите на организациите соработници: ИРИЗ – Скопје; Здружението на мултиетничко општество за човекови права – Штип; Флоренс Најнтингел Куманово; Здружение Среќен живот Тетово и Здружение Златна Рака Тетово; и Женска граѓанска иницијатива КЛЕА Битола.
Исто така (по потреба) организациите соработници стои на располагање за пополнување на апликацијата. Апликациите можат да се достават или во канцелариите на горенаведените здруженија, или на електронската пошта contact@antiko.org.mk и antico@t.mk. Апликацијата преземете ја овде.
Рокот за пријавување е 10.10.2016 година.
|