Британската Амбасада во Скопје, Женска граѓанска иницијатива АНТИКО и Комисијата за еднакви можности на жени и мажи при Општина Битола, во рамките на проектот „Економско јакнење на жени во две општини“ со задоволство Ве покануваат на Завршната конференција: „Можности и перспективи за економско јакнење на жени“ која ќе се одржи на 23.03.2016 година, со почеток во 10:30 часот, во Хотел „Капри“ – Битола.
На конференцијата воведен збор ќе има Неговата екселенција г-дин Пол Едвардс – Заменик Амбасадор на Велика Британија во Скопје, и г-ѓа Силвана Ангелевска – Претседателка на Совет на Општина Битола и на Комисијата за еднакви можности.
Цел на конференцијата: Сумирање на постигнатите резулатати, зголемување на информираноста и отворање дебата помеѓу засегнатите страни и социјалните партнери за можностите и перспективите за развојот на женското претприемништво во Општина Битола.
На конференцијата се поканети да учествуваат: претставници од локалната власт, претставници од бизнис секторот, институции, АВРМ, Регионалната стопанска комора, граѓански организации, жени кои имаат/или се заинтересирани за отворање на сопствен биснис (целни групи на проектот), како и успешни жени претприемачки.
На конференцијата свои презентации, видувања, ставови, информации и добри практики ќе изнесуваат и еминентни панелисти експерти/ки и практичари/ки од повеќе области кои даваат поддршка за зголемување на економската благосостојба и намалување на сиромаштијата, преку создавање на овозможувачка околина и еднакви можности за активно вклучување на жените во пазарот на трудот.
Ве очекуваме! Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
|