Интерсекторска соработка при подготовка на Оперативен план за економско јакнење на жени на Општина Кичево за 2016 година и развој на две пилот мерки директно насочени кон економско јакнење на невработени жени од Општина Кичево (жени од урбани и рурални средини).
Учесници на тродневните работилници беа:
- Претседателката на КЕМ
- Претседателка на Комисијата за статут и правни прописи
- Советници од КЕМ и останатите релевантни комисии
- Претставничка од АВРМ - Канцеларија за Општина Кичево
- Претставничка од Регионалната комора со седиште во Кичево
- претставници на релевантни ГО
- невработени жени од Општина Кичево
Оваа активност е дел од проектот „Економско јакнење на жени во две општини“, спроведен од ЖГИ АНТИКО, во соработка со Комисијата за еднакви можности при Општина Кичево, а поддржан од Британската Амбасада во Скопје
|